Уапсените за несреќата со мигрантите кај Пелопонез ќе бидат изведени пред истражен судија

poloponez
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За формирање криминална организација за трговија со илегални мигранти, предизвикување бродолом од небрежност и за загрозување на животи се товарат уапсените деветтемина Египќани за несреќата со мигрантите минатата седмица, а денеска ќе бидат изведени пред истражен судија во грчкиот град Каламата, јави дописничката на МИА од Атина.

Уапсените се осомничени дека се криумчари и дека се одговорни за бродоломот во кој загинаа најмалку 78 лица, а стотици се исчезнати.


Од грчката крајбрежна служба синоќа соопштија дека продолжува големата операцијата за потрага и спасување во меѓународните води во морската област на 47 наутички милји југозападно од местото Пилос на Пелопонез.

Потсетуваат дека во несреќата што се случи во средата досега се спасени 104 лица, а извлечени се 78 безживотни тела.

Во рибарскиот брод што потона во близина на Пилос, официјално не е познато колку лица се пренесувале, а според преживеаните бројката е околу 700 лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK