Уапсени лидерите на моќниот „Синалоа“ картел, Ел Мајо и синот на Ел Чапо

74fb9321-7a0c-4de5-98ba-5a04a0fcda1d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мексиканскиот наркобос Исмаел Ел Мајо Замбада и синот на неговиот поранешен партнер Ел Чапо се уапсени вчера во Ел Пасо, Тексас, соопшти американското Министерство за правда.


„Министерството за правда уапси уште двајца наводни водачи на картелот ‘Синалоа’, една од најнасилните и најмоќните организации за трговија со дрога во светот“, се вели во соопштението на Министерството.

Замбада и Хоакин Гузман Лопез, синот на Ел Чапо, се соочуваат со повеќе обвиненија во САД за водење на криминални операции на картелот, вклучително и производство на фентанил и мрежа за шверц на дрога, се вели во соопштението објавено од Ројтерс.

Двајца американски официјални лица изјавија за Ројтерс дека Замбада и Гузман Лопез биле приведени откако слетале со приватен авион.

Замбада го коосноваше картелот ‘Синалоа’ со Ел Чапо, кој беше екстрадиран во САД во 2017 година и отслужува доживотна затворска казна во затвор со максимална безбедност.

По екстрадицијата на Ел Чапо, неговата криминална империја ја наследија неговите четири сина – познати како Лос Чапитос или малиот Чапос – кои станаа еден од најголемите американски извозници на фентанил, синтетички опиоид кој е до 50 пати посилен од хероинот и 100 пати посилен од морфинот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK