Турција ќе го ратификува приемот на Шведска во НАТО за „неколку недели“

Турција-ќе-го-ратификува-приемот-на-Шведска-во-НАТО-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром изјави дека добил информација дека Анкара ќе го ратификува влезот на Шведска во НАТО „за неколку недели“.


Протоколот за прием на Шведска во НАТО, за кој е потребно едногласност на 31 членка на Атлантската алијанса, се чека од мај 2022 година.

Турција и Унгарија се последните земји-членки кои го блокираа влезот на Шведска, откако го потврдија влезот на Финска во март.

„Се разбира, ние никогаш ништо не земаме здраво за готово“, изјави шведскиот министер за новинарите во Брисел пред почетокот на вториот ден од министерскиот состанок на Алијансата.

Во средината на ноември турскиот парламент почна да го разгледува протоколот за прием на Шведска во НАТО.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го укина своето вето во јули, прецизирајќи дека конечната одлука е на турскиот парламент.

Во Брисел денеска завршува дводневната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK