Турција ги нападна Курдите во Сирија, 21 убиен

sirija-EPA-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турската војска уби 21 курдски милитант во северна Сирија и Ирак, соопшти денеска Министерството за одбрана.


Министерството објави дека 20 милитанти од Курдистанската работничка партија (ПКК) и милитантите на сириските Курди ЈПГ, кои се подготвувале за напад, биле убиени во северна Сирија, додека еден милитант бил убиен во северен Ирак.

„Ќе продолжиме со нашите операции ефективно и решително“, додаде Министерството.

ПКК, која Турција, Европската Унија и Соединетите Држави ја прогласија за терористичка организација, почна вооружен бунт против турската држава во 1984 година, а повеќе од 40.000 луѓе загинаа во конфликтот.

По падот на сирискиот претседател Башар ал Асад претходно овој месец, Анкара инсистираше ЈПГ да се распушти, тврдејќи дека групата нема место во иднината на Сирија.

Продолжуваат непријателствата во североисточна Сирија меѓу сириските фракции поддржани од Турција и ЈПГ. Анкара редовно изведува прекугранични воздушни напади и воени операции насочени кон ПКК, која има бази во планинските региони на северен Ирак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK