Канада ќе одговори брзо и исклучително силно доколку САД воведат царини за канадски стоки следниот вторник, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.
Тој, сепак, додаде дека Канада не сака трговска војна со својот сосед, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави претходно денеска дека планира да воведе царини за увоз од Канада и Мексико следниот вторник.