Ослободени се тројца тајландски заложници кои беа држени од милитантите на Хамас. Тројцата се во добра здравствена состојба, објави денеска тајландскиот премиер Срета Тависин на платформата „Икс“.
„Среќен сум“, рече Срета, истакнувајќи дека тројцата се здрави и нема потреба од итна медицинска помош.
Досега, 17 тајландски заложници се ослободени откако беа киднапирани за време на нападите на Хамас врз Израел на почетокот на октомври и ќе бидат вратени во Тајланд што е можно поскоро, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Што се однесува до преостанатите 15 тајландски заложници, тајландската влада продолжува да прави максимални напори за нивно безбедно ослободување што е можно поскоро, се вели во соопштението.