Тројца новинари беа убиени викендов, изјавија нивните роднини.
Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк рече дека смртните случаи го доведоа бројот на убиени новинари и медиумски работници во регионот на 48. Комитетот, кој бара најмалку два извори за да ја потврдат секоја смрт, рече дека списокот се состои од 43 Палестинци, четворица Израелци и еден Либанец.
„Новинарите од целиот регион прават големи жртви за да го покријат овој потресен конфликт. Особено оние во Газа платија и продолжуваат да плаќаат невиден данок и се соочуваат со експоненцијални закани“, рече Шериф Мансур, програмски координатор на Комитетот за Блискиот Исток и Северна Африка.
Белал Џадала, новинар и шеф на одборот на невладина организација Press House-Palestine, е убиен денеска, изјавија роднини за Ројтерс.
Двајца хонорарни новинари – Хасуна Слим и Сари Мансур – беа убиени вчера во израелски напад врз бегалскиот камп Буреиџ, изјавија за Ројтерс нивните роднини и палестинските здравствени власти.