Трите најголеми партии и натаму имаат убедливо мнозинство во ЕП

lajen3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Европската народна партија (ЕПП), која ги обединува партиите на десниот центар, социјалдемократите и либералите, го задржа мнозинството во новото свикување на Европскиот парламент, покажуваат првите привремени резултати од европските избори што завршија вчера.

Според делумните резултати, ЕПП ќе има 189 пратеници, социјалдемократите (С&Д) 135, а либералите (Renew) 80 пратеници.

Тие три најголеми политички групи според привремените резултати ќе имаат 404 пратеници, додека во претходното свикување 417.

Новото свикување на ЕП има 720 пратеници, а за избор на претседател на Комисијата потребно е супермнозинство, односно 361 претставник.

Сепак, пратениците во Европскиот парламент не секогаш гласаат дисциплинирано и некои од нив гласаат против мнозинството во своите пратенички групи.

Според привремените резултати, тврдодесните партии собрани во репрезентативниот клуб на европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) ќе имаат 72 претставници, три повеќе од претходното свикување.

Екстремно десничарскиот репрезентативен клуб „Идентитет и демократија“ (ИД) ќе има 58 претставници, девет повеќе од претходното свикување.

Зелените паднаа од 71 на 52 претставници. Екстремната левица има 36, еден мандат помалку од претходно.

Групата партии кои првпат влегуваат во Европскиот парламент или за кои се уште не се знае во која група ќе припаѓаат има 52 претставници. Во оваа група влегуваат и претставници на Алтернатива за Германија (АфД), која неодамна беше исфрлена од екстремно десничарскиот клуб на ИД.

Според привремените резултати ќе има 46 независни претставници, а досега имаше 62.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK