Тригодишно дете почина во автомобил за време на топлотниот бран во Франција


bebeshko-sedishte-avtomobil-depositphotos_478759532_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тригодишно момче почина откако останало заробено во семејниот автомобил во Сен Гратјен, северно од Париз, за време на екстремниот топлотен бран што ја зафати Франција, пренесува „Еуроњуз“.


Според обвинителството, детето само влегло во отклучениот автомобил, но не можело да излезе поради вклучената детска безбедносна брава. Родителите и пожарникарите се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.

Ова е трет ваков трагичен случај во Франција оваа недела. Во понеделникот, две деца на возраст од две и четири години беа пронајдени мртви во семеен автомобил на југот од земјата.

Франција деновиве се соочува со рекорден топлотен бран. Во голем дел од земјата се во сила највисоки предупредувања за екстремни горештини, а властите апелираат граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот дел од денот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK