Огромна трагедија се случи во понеделникот во САД кога тригодишно дете уби 10-месечно бебе откако пукаше од наполнет пиштол.
„Бебето беше застрелано и убиено од мало дете кое грабнало наполнет пиштол додека биле во паркиран автомобил и го повлекло чкрапалото“, соопшти полицијата, според „Еј-би-си“.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус изјави дека во возилото имало жена и три деца. Деца на возраст од 3 и 2 години и 10-месечно бебе биле во задниот дел на возилото, рече тој.
„Едно од постарите деца се фатило за наполнет пиштол кој бил во задниот дел од возилото и случајно го повлекло чкрапалото. Најмалото дете беше застрелано. Ова е страшна трагедија“, рече Мекманус.
Во тек е полициска истрага.