Тригодишно дете и двајца возрасни убиени на Флорида поради расправија за купување куче

Тригодишно-дете-и-двајца-возрасни-убиени-на-Флорида-поради-расправија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тригодишно дете и двајца возрасни се убиени во саботата во станбен комплекс на Флорида по расправија за продажба на куче, соопшти локалната полиција.


Помошникот началник на канцеларијата на шерифот во Џексонвил, изјавил дека петмина луѓе, меѓу кои и едно дете, отишле вечерта во 22 часот во луксузен станбен комплекс, за да се договорат за купопродажба на куче, со засега непознати луѓе.

Меѓу нив настанала расправија, по што дошло до пукање. Три лица загинаа, а третиот возрасен од групата е ранет. Сведоците им кажале на полицајците дека двајцата мажи побегнале со автомобил.

Двајцата возрасни убиени и еден ранет се на возраст од 20 години. Нивните имиња не се соопштуваат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK