Три жртви во пожар во болница во Австрија

pozar-avstrija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тројца пациенти загинаа во пожар во австриска болница, пренесе ДПА.

Според локалните власти, пламенот избувнал синоќа во соба на третиот кат од болницата Ландесклиникум Модлинг во близина на Виена.


Дваесет лица се полесно повредени, а околу 90 пациенти морале да бидат префрлени.

Федералните и провинциските оддели за криминалистичка полиција почнаа да ги истражуваат причините за пожарот.

Две од жртвите биле на возраст од 78 и 81 година. Засега нема информации за третиот смртен случај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK