Три мртви деца биле пронајдени во куќа во Бирстол, по што властите уапсиле жена. Полицијата на местото на настанот пристигнала во 00:40 часот, по добиена пријава за можен инцидент.
На местото на настанот била констатирана смрт на децата, а 42-годишната жена е приведена во полиција во болница.
„Во овој трагичен настан животот го загубија три деца. Моето искрено сочувство до најблиските членови на семејството. Веруваме дека ова е изолиран инцидент и дека нема понатамошна закана за пошироката заедница“, изјави инспекторот Викс Хејворд-Мелен, објави Би-би-си.