Третиот конвој камиони со помош испратени во Газа

Третиот-конвој-камиони-со-помош-испратени-во-Газа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Трет конвој камиони со хуманитарна помош го помина денеска граничниот премин Рафах и продолжи кон опколениот Појас Газа, соопштија хуманитарен работник и два безбедносни извори. Хуманитарните испораки преку Рафах, кој го поврзува Египет со Појасот Газа, започнаа во саботата по несогласувањата околу инспекциите за помош и бомбардирањето на Газа.



Рафах е главниот премин во и од Газа што не се граничи со Израел. Откако Израел воведе целосна опсада на енклавата како одмазда за нападот на милитантите на Хамас на 7 октомври, Рафах стана фокус на напорите за хуманитарна помош.

Изминатиов викенд поминаа вкупно 34 камиони. Денешниот конвој имаше ист број камиони како и било кој од тие денови, соопштија хуманитарните работници и безбедносните извори. Претставници на ОН рекоа дека дневно се потребни околу сто камиони само за да се задоволат основните потреби во Газа, каде живеат 2,3 милиони луѓе, а резервите на храна, вода и гориво се при крај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK