Во телефонски разговор со „Си-ен-ен“ неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави повлекувањето од претседателската трката, поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп го опиша Бајден како “далеку најлошиот претседател во историјата на нашата земја”.
Иако не е јасно кој ќе биде кандидатот на демократите, Трамп рече дека смета дека потпретседателката Камала Харис ќе биде полесна за пораз од Бајден.
Со откажувањето од кандидатурата, Бајден го отвора патот за потпретседателката Камала Харис да се кандидира за претседателска номинација на партијата.