Трамп вели дека Асад ја изгубил руската поддршка

tramp-putin-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад побегнал од својата земја откако ја изгубил поддршката од Русија.


„Асад го нема“, напиша тој на својата платформа „Truth Social“.

„Неговиот заштитник, Русија на чело со Владимир Путин, повеќе не беше заинтересиран да го заштити“, напиша Трамп.

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска се качи на авион и го напушти Дамаск кон непозната дестинација, изјавија за Ројтерс двајца високи воени офицери, додека бунтовниците рекоа дека влегле во главниот град без никаков знак за распоредување на армијата и го слават падот на сирискиот претседател.

Граѓанската војна во Сирија, која избувна во 2011 година како бунт против владеењето на Асад, ги привлече големите надворешни сили, создаде простор за џихадистичките милитанти да планираат напади ширум светот и испрати милиони бегалци во соседните земји.

Хајат Тахрир ал-Шам, најмоќната бунтовничка група, е поранешен огранок на Ал Каеда во Сирија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK