Трамп: Трговците на мало со гориво мора да ги намалат цените, веднаш


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди трговците на мало со гориво веднаш да ги намалат цените или ќе се соочат со „големи проблеми“. „Продавачите на гориво мора да ги намалат цените, СЕГА“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social.


„Нема да има зголемување на цените, што е целосно нелегално. Ако трговците на мало не го сторат ова, тие се во голема неволја! Започнете да се насочувате кон околу 2,50 долари за галон (3,785 литри)“, додаде тој.

Трамп минатата недела изјави дека им наложил на Министерството за правда да ги испита нафтените компании за тоа што не ги намалиле малопродажните цени на горивата во согласност со падот на цените на суровата нафта, обвинувајќи ги компаниите дека на потрошувачите „им наплаќаат премногу“ за гориво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK