Трамп се согласи на дебата со Харис: „Може и повеќе од еднаш“

tramp-haris-epa2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека ќе учествува на дебата со потпретседателката Камала Харис. Тој додаде дека е подготвен неколку пати да дебатира со неа.



Следната дебата, закажана за 10 септември, треба да се одржи на „Еј-би-си њуз“. Во последниве денови, Трамп се заложи за поконзервативната „Фокс њуз“ да ја одржи дебатата бидејќи верува дека „Еј-би-си“ е пристрасна.

Но, за време на конференцискиот повик со новинарите во вторникот попладне, Трамп рече дека ќе дебатира за Харис било каде.

„Мислам дека ако сте демократски или републикански кандидат, навистина имате обврска да дебатирате“, рече Трамп.

Кампањата на Камала Харис не одговори веднаш на барањето за коментар, пишува „Политико“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK