­

Трамп размислува за универзални царини, на советниците им велел: Бидете уште поостри


donald-tramp-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од своите советници да заземат построг став за царините додека администрацијата се подготвува за голем пресврт во глобалната трговска војна, објави Вашингтон пост, цитирајќи четири извори запознаени со ова прашање.


И покрај повиците од сојузниците на Волстрит и на Капитол Хил да му пристапат на прашањето поинаку, Трамп инсистира на сеопфатни трговски мерки со кои сака да ја преобликува американската економија, според Вашингтон пост.

Според истиот извор, Трамп постојано им нагласувал на своите советници дека сака да продолжи да ги заострува трговските мерки, а неодамна ја оживеал идејата за универзална тарифа која би важела за повеќето увозни производи, без оглед на земјата на потекло.

Според „Вашингтон пост“, Трамп изразил жалење што не вовел пообемни царини за време на неговиот прв мандат и ги обвинил своите советници кои го убедиле да се откаже од планот. Сепак, не е сосема јасно колку сериозно се разгледува идејата за универзална царина.

Претседателот Трамп е убеден дека царините имаат корист за САД со тоа што ќе ги вратат работните места во производството и ќе ги зголемат владините приходи за милијарди долари, пишува Вашингтон пост. Во петокот, Трамп рече дека е подготвен да склучи договори со земји кои сакаат да ги избегнат американските тарифи, но дека таквите договори ќе бидат можни само откако неговата администрација ќе објави реципрочни мерки на 2 април.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK