Трамп предлага зелен картон за странците кои дипломираат во САД

tramp2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера предложи луѓето кои дипломираат на универзитет во САД автоматски да добијат зелен картон, или дозвола за работа и живот во САД, за да можат да останат во земјата.


„Кога ќе завршите факултет, мислам дека автоматски треба да добиете зелена карта како дел од вашата диплома за да можете да останете во оваа земја“, рече Трамп на All-In подкастот што го организираат технолошки инвеститори.

Зелената карта им овозможува на поединците да живеат и работат трајно во Соединетите Држави и е пат до државјанство.

Трамп, кој цврстиот став за имиграцијата го стави во центарот на неговата администрација и вети остри мерки доколку биде реизбран, ги осуди напорите на претседателот Џо Бајден да го спречи рекордниот број мигранти кои илегално преминуваат во САД.

„Секој што ќе заврши факултет, ќе помине две или четири години таму или ќе докторира, треба да може да остане во оваа земја“, рече Трамп.

Не е јасно дали Трамп мислеше на сите странци, вклучително и оние кои дојдоа во Соединетите држави илегално или им беа продолжени визите, или само луѓето со студентски визи.

Американските пратеници од двете партии во минатото предложија легислатива што ќе го олесни престојот на одредени дипломирани студенти во земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK