Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп побара потпретседателката на САД и демократска претседателска кандидатка Камала Харис да направи тест за ментална агилност за да докаже дека е способна да ја извршува функцијата претседател.
Трамп тоа го побара во неделата вечерта на неговата социјална мрежа Truth Social, еден месец откако тој наводно ја нарекол Харис „ретардирана“ на републиканскиот прибирање средства во Њујорк, објави Њујорк Тајмс.
Коментирајќи го интервјуто на Камала Харис за Си-Би-Ес, Трамп рече дека е многу важно за неа да го положи тестот за когнитивна агилност, бидејќи, како што изјави, нејзините постапки навеле многумина да веруваат дека „нешто не е во ред со неа“.
„Исто така, таа е бавна и летаргична во одговарањето дури и на најлесните прашања. Само што поминавме низ речиси четири години од тоа, не треба да го правиме тоа повторно!“, рече Трамп, пренесе Newsweek.
„Ни се смеат низ целиот свет. Знаете на што навистина се смеат? Камали. Не можат да веруваат дека таа ќе биде претседателка. Не можат да веруваат. Зборувате за когнитивни проблеми? Таа според мене има поголеми когнитивни проблеми од него“, рекол Трамп, пренесува Танјуг.
Откако Харис го замени Бајден, демократите почнаа да го напаѓаат Трамп поради неговата возраст и други гафови.
Бајден има 81, Трамп 78, а Харис 59 години.