Трамп по лекарскиот преглед: Совршено сум здрав


trampdepositphotos_387915618_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој следниот месец полни 80 години, изјави дека „сè е совршено“ откако изврши лекарски преглед во Националниот воен медицински центар „Валтер Рид“ (Walter Reed).


Американскиот претседател не наведе никакви детали во кратката објава на својата социјална мрежа „Трут Сошал“ (Truth Social), во која само соопшти дека прегледот е завршен.

Трамп често се претставува себеси како поенергичен и во подобра форма од Џо Бајден, неговиот демократски претходник кој минатата година ја напушти функцијата на 82-годишна возраст.

Сепак, неодамнешните фотографии кои прикажуваат осип на неговиот врат отворија прашања за здравјето на Трамп, по претходните слики од отечени зглобови и модрици на раката покриени со шминка од јули 2025 година.

Трамп, кој го слави својот роденден на 14 јуни, во јануари 2025 година, кога го презеде мандатот, стана најстарата личност што некогаш застанала на чело на Белата куќа.

Посетата на Националниот воен медицински центар „Валтер Рид“ беше третиот лекарски преглед на Трамп во последните 13 месеци.

Фото: Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK