Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја избра републиканската американска претставничка Елис Стефаник за амбасадор на САД во Обединетите нации, соопштено е синоќа.
„Чест ми е што ја номинирав Елис Стефаник да служи во мојот кабинет како амбасадор на САД во Обединетите нации. Елис е неверојатно силен, цврст и паметен борец за Америка пред се“, се вели во вчерашната изјава на новоизбраниот претседател.
Стефаник (40), претставник од државата Њујорк, образована на Харвард и претседателка на републиканската конференција на Домот, беше верен сојузник на Трамп. Во објава на Икс, таа рече дека ја прифатила номинацијата.
„Работата што претстои е огромна бидејќи гледаме дека антисемитизмот вртоглаво расте заедно со четиригодишното катастрофално слабо американско лидерство кое значително ја ослабе нашата национална безбедност и ја намали нашата позиција во очите на сојузниците и на противниците“, рече Стефаник.
Номинацијата на Стефаник е предмет на одобрување во Сенатот, што се очекува откако нејзините колеги републиканци ја вратија контролата врз горниот дом на минатонеделните избори.