Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп излезе пред новинарите по завршувањето на дебатата.
Тој се пожали дека модераторите биле „многу неправедни“ кон него.
„Харис сака втора дебата бидејќи беше убедливо поразена. Ќе размислиме за тоа“, рече Трамп.
Инаку, тимот на неговиот противкандидат изрази подготвеност да организира нова дебата која ќе се одржи во октомври.
„Мислам дека тоа беше мојата најдобра дебата досега. Беше многу интересна и покажа колку се слаби, колку се патетични“, рече Трамп. Тој рече дека нема информации дека познатата пејачка Тејлор Свифт ја поддржува Харис
Тој исто така се пофали дека анкетите покажуваат дека поминал многу добро.