Конфликтот во Украина може да заврши во следните неколку недели, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за новинарите на прес-конференција со неговиот француски колега Емануел Макрон во Овалната соба.
– Мислам дека тоа може да се постигне во рок од неколку недели, рече Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп, според светските медиуми одби да го нарече рускиот претседател Владимир Путин диктатор, како што изјави за Владимир Зеленски неколку дена претходно.
– Овие зборови не ги користам лесно, истакна тој.
Според него, договорот меѓу САД и Украина за ретките метали „се приближува до последната фаза“.
-Конечно, благодарение на овој договор ќе почнеме да ги враќаме вложените пари, објасни американскиот лидер.
Макрон, од своја страна, рече дека Париз и Лондон подготвиле план за безбедносни гаранции за Киев, кој може да вклучува и испраќање војници во Украина.
Според него, „трупите нема да мора да бидат лоцирани на линијата на фронтот“, туку ќе бидат „како гаранција“.
Покрај тоа, францускиот претседател се осврна и на конфискацијата на руските замрзнати средства.
-Можете да земате дивиденди од замрзнатите средства, но не и од самите средства. Ова е спротивно на меѓународното право и сакаме да го почитуваме, изјави Макрон за време на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.