Трамп: Ќе ја задржиме запленетата нафта, и бродовите


tramp-Depositphotos_685430226_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека танкерите за нафта запленети од САД покрај брегот на Венецуела ќе останат во посед на САД.


На прашањето на новинарите за нафтата на првиот танкер запленет на 10 декември, Трамп рече: „Ќе ја задржиме“. Тој додаде дека нафтата може да се користи за стратешки резерви.

„Исто така, задржуваме и бродови“, рече Трамп.

Крајбрежната стража на САД заплени два танкери за нафта во Карибите во декември, а медиумските извештаи велат дека трет брод, за кој се верува дека е дел од таканаречената флота во сенка што ја користи Венецуела за заобиколување на санкциите, е под надзор од неделата.

Минатата недела на „Truth Social“, Трамп објави дека ќе воведе „целосна и комплетна блокада на сите санкционирани танкери за нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK