Трамп: Испратив писмо до Иранците; Иран: Не го добивме


tramp-iran.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека сака да преговара за нуклеарен договор со Иран и дека оваа недела испратил писмо до иранското раководство во кое предлага разговори, во време кога Западот стравува дека Исламската Република се приближува кон производство на нуклеарно оружје.


„Се надевам дека ќе преговараат бидејќи тоа би било многу подобро за Иран“, рече Трамп во интервју за „Фокс бизнис нетворк“.

Иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк соопшти дека Иран сè уште не го добил писмото. Иранската агенција Нур, блиска до највисокото тело за национална безбедност, го отфрли писмото на Трамп, нарекувајќи го „повторување на веќе виденото шоу на Вашингтон“.

„Се приближуваме до последната фаза со Иран. Ќе биде интересен период. Ќе видиме што ќе се случи. Не можеме да им дозволиме да добијат нуклеарно оружје“, рече Трамп во Овалната соба.

„Ситуацијата со Иран може да се реши на два начина – воено или со договор. Повеќе би сакал да постигнеме договор затоа што немам намера да му наштетам на Иран. Иранците се одлични луѓе“, нагласи Трамп.

Тој потврди дека го испратил писмото до иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, познат по жестокото противење на Западот.

Трамп би можел да го искористи она што американските власти го гледаат како ослабен Иран. Милитантните групи на Блискиот исток поддржани од Иран, палестинскиот Хамас во Газа и Хезболах во Либан претрпеа големи загуби од израелските сили, а сирискиот претседател Башар ал Асад, близок сојузник на Техеран, беше соборен од бунтовниците.

Минатогодишните израелски напади врз иранските воени објекти, вклучително и ракетни фабрики и системи за противвоздушна одбрана, беа одговор на иранските ракетни и беспилотни напади врз Израел и, според американски извори и независни аналитичари, ги намалија конвенционалните воени капацитети на Техеран.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK