Трамп: Иран ја хакира мојата предизборна страница

Трамп-Намерно-ги-мешам-имињата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кампањата на Доналд Трамп за претседателските избори во САД вчера објави дека некои нејзини внатрешни комуникации биле хакирани и ја обвини без да обезбеди директни докази иранската влада, наведувајќи ги минатите непријателства меѓу Трамп и Иран.



Објавата на Републиканците дојде набргу откако информативната веб-страница Политико објави дека почнала да добива мејлови во јули од анонимен извор кој нуди автентични документи од персоналот на Трамп, вклучително и извештај за „потенцијалните ранливости“ на потпретседателскиот кандидат Џеј Ди Венс.

„Овие документи се незаконски добиени од странски извори кои се непријателски настроени кон Соединетите држави, со намера да ги нарушат изборите во 2024 година и да посеат хаос во нашиот демократски процес“, рече портпаролот на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг во соопштението.

Доцна вчера, Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека Мајкрософт ја информирал кампањата дека Иран хакирал една од неговите веб-страници.

Тој го обвини Иран, додавајќи дека „тие можат да добијат само јавно достапни информации“. Тој не даде повеќе детали за хакирањето.

Кампањата на Трамп цитираше извештај од истражувачи на Мајкрософт во петокот во кој се вели дека хакери поврзани со иранската влада се обиделе да упаднат во профилот на „висок функционер“ за време на претседателската кампања на САД во јуни.

Хакерите ја презеле сметка на поранешен политички советник и потоа ја користеле за да таргетираат функционери, се вели во извештајот.

Тој извештај не дава дополнителни детали за идентитетот на целите. Портпаролот на Мајкрософт одби да ги именува функционерите кои биле цел или да даде дополнителни детали по објавувањето на извештајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK