Трамп има план за крај на војната: Украина да се откаже од Крим и Донбас

FotoJet-63.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека би можел да ја заврши војната во Украина со притисок врз Киев да се откаже од некои територии, објави денеска „Вашинготн пост“, повикувајќи се на неименувани извори.


Планот на Трамп, наводно, се состои од притисок врз Украина да се откаже од Крим и Донбас во корист на Русија, тврдат соговорниците кои разговарале со Трамп или неговите советници.

Трамп претходно изјави дека доколку биде избран за претседател на САД на претстојните ноемвриски избори, може да посредува во преговорите меѓу Русија и Украина и да донесе мир за помалку од 24 часа.

Изворите тврдат дека Трамп смета дека Русија и Украина „сакаат да го спасат образот и бараат начин да го прекинат конфликтот“, а „населението на Донбас и Крим би било подобро да живее под руска власт“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK