Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп изјави дека го победил Џозеф Бајден пред три дена, кога претседателот на САД одлучи да се повлече од претседателската трка.
Тој синоќа го одржа првиот митинг во Шарлот, Северна Каролина, откако Бајден ја напушти трката за нов претседателски мандат.
Трамп изјави дека Бајден се откажал затоа што губел според сите анкети и тврди дека демократските лидери му рекле да се откаже или во спротивно ќе се повика на 25-тиот амандман на Уставот на САД, кој се однесува на преземање на претседателската функција во случај на смрт на претседателот, оставка или неможност да ги извршува своите должности.