Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги обвини претседателот Џозеф Бајден и неговата демократска ривалка Камала Харис за обидот за атентат минатиот месец, обвинувајќи ги дека ѝ отежнуваат на Тајната служба да го заштити.
Трамп ова тврдење, за кое не понуди докази, го изнел вчера во ток-шоуто „Д-р Фил“ што го води Фил МекГроу, објави „Гардијан“.
Претходно беше објавено дека неколку агенти на Тајната служба од канцеларијата во Питсбург биле ставени на административно отсуство по нападот на Трамп на 13 јули во Пенсилванија.