Тракторите ја преплавија Прага, земјоделците продолжуваат со протестот: Над 500 возила во главниот град на Чешка, исвиркан министерот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стотици чешки земјоделци со своите трактори пристигнаа во Прага, каде што протестираат против земјоделската политика на Европската унија и чешките власти.


Во главниот град на Чешка пристигнаа повеќе од 500 трактори, а пристигнуваат и повеќе возила, пренесува чешкиот портал Новинки. Насобраните земјоделци свиреа додека министерот за земјоделство Марек Виборни влезе во зградата на ресорното министерство.

Протестот го организираат Синдикатот на земјоделските работници и Здружението на слободни синдикати, а портпаролот на земјоделците Данијел Штерзик рече дека демонстрантите бараат „владата да се изјасни дали сака да преземе чекори за спас на чешкото земјоделство“.

Земјоделците во земјите на ЕУ во последните месеци протестираат поради земјоделската политика на Унијата, ниските цени на нивните производи и укинувањето на субвенциите за гориво наменето за земјоделството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK