Товарен воз се судри со патнички воз, загинаа најмалку 15 лица: „Не знаеме колку се уште се заробени во урнатините во Бангладеш“

Товарен-воз-се-судри-со-патнички-воз-загинаа-најмалку-15.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 15 лица загинаа во железничка несреќа во Бангладеш, а повеќе се повредени. Се очекува бројот на жртвите да се зголеми.


Товарен воз удри во патнички воз надвор од главниот град на Бангладеш, а спасувачите им се придружија на локалните жители во извлекувањето на патниците од остатоците на вагонот. Телата на најмалку 15 луѓе се извлечени, изјави пожарникарот Мошараф Хосеин од Баираб, пишува „Дејли Мејл“.

„Таму работат наши луѓе. Тоа е хаотична ситуација. Засега немаме многу информации“, изјави тој за новинската агенција АП.

Висок службеник во службата на пожарникарите, Азизул Хаке Ражон рече дека не е познато уште колку луѓе се заробени во урнатините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK