Топлотен бран во Индија, 166 починати

Индија
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За време на топлотниот бран во северна Индија, 166 лица починаа, а многумина се хоспитализирани поради топлотен удар, соопштија властите, кои велат дека ситуацијата се влошува поради прекините на струја.

Индискиот метеоролошки оддел соопшти дека температурата достигнала 43,5 степени Целзиусови во северна Индија. Во Индија топлотен бран официјално се прогласува ако температурата е над 45 степени Целзиусови или ако е најмалку 4,5 степени Целзиусови над нормалата за одредена област.


Во државата Утар Прадеш на северот на Индија, 119 лица го загубија животот поради екстремни горештини, додека 47 смртни случаи се регистрирани во соседен Бихар.

Министерот за здравство Брајеш Патак синоќа изјави дека ќе се испита што е причината за големиот број смртни случаи и колку од нив се директно поврзани со горештините.

Тешката состојба предизвикана од високите температури се усложнува и со постојаните прекини на електричната енергија низ регионот, поради што луѓето остануваат без вода, вентилатори и климатизација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK