Тинејџерка скокнала од трговски центар во Јапонија, паднала на пешак и го убила

policija-japonija-2-800x477.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица загинаа во јапонскиот град Јокохама откако тинејџерка скокнала од трговски центар, паднала на пешак и го убила.


17-годишната тинејџерка скокнала од зграда во преполн трговски кварт, удирајќи во 32-годишна жена која била излезена со пријателите во саботата вечерта.

Двете веднаш биле пренесени во болница, а кај тинејџерката била констатирана смрт еден час подоцна. Набргу потоа починала и 32-годишната жена.

Минатата година, 513 деца си го одзедоа животот во Јапонија, а како најчест фактор беа наведени „училишните проблеми“, пренесува Би-Би-Си

Во последниве години, властите и медиумските организации се обидуваат да ја подигнат јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат учениците во овој период од годината.

Властите досега не посочија каква било вина за смртта во саботата вечерта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK