Судот во Јужна Кореја донесе пресуда со која ја потврди едногодишната затворска казна за тештата на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол.
Чој Ен-сун е осудена за фалсификување на документи користени при купување на земјиште. Апелацискиот суд го одби нејзиното барање за преиспитување на казната изречена од окружниот суд.
Во судската одлука се наведува дека Чој е виновна за изработка на лажна потврда за состојбата на сметката и лажниот документ го користела за да купи земјиште во Сеонгнам, јужно од Сеул, во 2013 година.
Чој пред судот тврдеше дека е невина, а откако ја слушна пресудата се онесвести.