Телото на убиениот командант на Хезболах Фуад Шукр е пронајдено во урнатини на зграда

6-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Телото на воениот командант на Хезболах, Фуад Шукр, беше пронајдено и извлечено од урнатините на зградата во Бејрут, која беше уништена во израелски напад синоќа.


Претходно денеска Хезболах изјави дека Шукр бил присутен во зградата во моментот на нападот, но не беше потврдена неговата смрт, објави Sky News Arabia во сопственост на Емирати, пишува The Times of Israel.

Терористичката група соопшти дека тимовите за цивилна одбрана работат „напорно, но бавно“ на расчистување на урнатините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK