Технички проблем кај авион за време на летот од Сиднеј до Окленд: најмалку 50 повредени

латам.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 50 лица се повредени по „инцидент“ на летот на „LATAM Airlines“ од Сиднеј за Окленд.


За време на летот се појавил технички проблем поради кој леталото нагло се расипало, јавуваат локалните медиуми.

Службите за итни случаи соопштија дека околу 50 лица биле прегледани и укажана им е помош на местото на настанот, при што едно лице е во тешка состојба, а останатите во полесна состојба.

Околу 13 лица се пренесени во болница на лекување, се додава во извештаите.

Авионот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ слета на аеродромот во Окленд според планираното во понеделникот попладне по локално време.

„LATAM Airlines“ има редовни линии меѓу Сиднеј, Окленд и главните центри во Јужна Америка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK