„Те следам малечка “: првата порака на Бајден до Камала Харис по повлекувањето од кампањата

bajden-kamala-haris.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на Камала Харис преку конференциски повик за време на нејзиниот состанок со персоналот на кампањата, првпат откако таа го зеде факелот за веројантиот демократски претседателски кандидат.


„Те следам малечка“, и рече Бајден (81) на заменик-претседателката Харис, пред таа да ги каже забелешките пред нејзиниот предизборен тим – поранешен тим на Бајден – во изборниот штаб во Вилмингтон. „Те сакам“, додаде Бајден.

„Сакам да му кажам на тимот да ја прегрне. Таа е најдобра“, изјави американскиот претседател. Знам дека вчерашните вести се изненадувачки и тешко е да се слушнат, но тоа беше вистинската одлука“.

Во изјавата која траеше околу 20 минути, Харис ги пофали достигнувањата на Бајден, велејќи дека тие се „неспоредливи во модерната историја“.

„Знам дека беше горе-долу, и сите ние сме исполнети со толку многу различни емоции за ова“, рече Харис. „Морам само да кажам: го сакам Џо Бајден. Го сакам Џо Бајден“.

Во новиот изборен штаб на Харис, плакатите на Бајден брзо се заменуваат со нови табли „Харис за претседател“.

Кампањата на Харис соопшти дека собрала огромни 81 милион долари во 24 часа по заминувањето на Бајден. Ова вклучува донации од 880.000 индивидуални донатори. Тоа е најголемото еднодневно собирање средства за кој било кандидат досега, рече нејзиниот тим, пренесува „USA Today“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK