Магазинот „Тајм“ објави нова насловна страница откако Џо Бајден се повлече од трката за претседател на САД.
Се чини дека наместо него кандидат ќе стане Камала Харис, поранешната потпретседателка на Бајден.
Why Joe Biden dropped out https://t.co/TLUwr4qvzv pic.twitter.com/HwFWKDAMxW
— TIME (@TIME) July 21, 2024
Додека демократите се собираат околу Камала Харис, треба многу да се случи пред таа да биде формално избрана за кандидат на партијата за ноемвриските избори.
Бајден веќе освои 3.896 делегати, многу повеќе отколку што му беше потребно за да ја обезбеди номинацијата на неговата партија. Но, сега кога тој се откажа, тие делегати на дело можат да поддржат кого сакаат.
Доколку Демократската партија колективно не одлучи да поддржи нов кандидат, конвенцијата ќе биде целосно отворена со повеќе претенденти што ќе ги изберат партиските делегати.
За партиска номинација, кандидатот мора да освои најмалку 1.976 делегатски гласови.