Тајландското Министерство за здравство предложи нов закон со кој ќе се регулира производството на канабис и ќе се ограничи употребата на марихуана првенствено за здравствени и медицински цели, објавија денеска локалните медиуми.
Според нацрт-законот, употребата на марихуана ќе биде дозволена за медицински третмани и истражувања спроведени од државните агенции на Тајланд, како и во храна и козметички производи, пренесува ВНА.
Секој што користи канабис или негови екстракти за други цели освен оние наведени во законот, ќе биде казнет до 1.800 долари.