Тајани: „Западот згреши што дозволи Гадафи да биде убиен, тој беше подобар од оние што дојдоа по него“

18-gadafi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани изјави дека е „сериозна грешка“ на Западот што дозволил поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи да биде убиен за време на Арапската пролет во 2011 година, бидејќи неговата смрт предизвикала нестабилност во северна Африка.


„Тоа беше многу сериозна грешка. Пуштија да биде убиен Гадафи. Тој можеби не беше шампион на демократијата, но со неговата смрт, политичката нестабилност стигна до Либија и Африка“, рече Тајани додека присуствуваше на летен форум во градот Лука на северниот брег на Тоскана, пренесува Анса.

Според него, благодарение на договорите со Гадафи, Италија успеала да ги запре миграциските текови, а ситуацијата била многу постабилна.

„Тој дефинитивно беше подобар од оние кои дојдоа по него. По него дојде тероризмот, Муслиманското братство“, рече Тајани, а неговата изјава за Либија предизвика аплауз во салата.

Гадафи беше убиен од бунтовниците на 20 октомври 2011 година, потсетува италијанската агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK