Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека е неопходен итен прекин на огнот во Газа и го повика Израел да го заштити цивилното население.
„Трагичните смртни случаи во Газа укажуваат на потребата од итен прекин на огнот за да се овозможи поголема хуманитарна помош, ослободување на заложниците и заштита на цивилите. Силно бараме од Израел да го заштити населението во Газа и ригорозно да ги утврди фактите и одговорноста“, напиша Тајани на социјалната мрежа Х.
Претходно денеска, повеќе од 100 луѓе загинаа, а повеќе од 700 беа повредени кога израелската армија отвори оган врз Палестинците кои чекаа ред за храна, соопшти Хамас.
ИДФ призна дека нејзините припадници пукале во некои Палестинци кои се движеле кон војниците и тенкот на контролниот пункт.