СЗО: Ситуацијата во Газа излегува од контрола

СЗО-Ситуацијата-во-Газа-излегува-од-контрола.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека ситуацијата во Газа излегува од контрола и дека залихите на организацијата се заглавени на границата веќе четири дена.



„Секоја секунда кога чекаме лекарска помош, ги губиме животите. Четири дена залихите на СЗО се заглавени на граница“, напиша тој на мрежата Икс.

Тој ги повика двете страни да го прекинат насилството.

„Потребен ни е итен пристап за да започнеме со испорака на материјали за спасување живот“, напиша тој.

Претходно на истата социјална мрежа, тој го осуди бомбардирањето на болницата во Газа и побара веднаш да се обезбеди заштита на цивилите и медицинските установи, пренесува „Бета“.

„СЗО остро го осудува нападот на Арапската болница Ал Ахли“, напиша Гебрејезус.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK