СЗО: Најголемата болница во Газа успеа да продолжи со работа во некои одделенија

Лекари-без-граници-Израелците-го-блокираа-влезот-во-болницата-две.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека најголемата болница во Појасот Газа, тешко погодена од војната меѓу Израел и Хамас, успеала да продолжи со работа во некои одделенија.


Како што изјави генералниот секретар на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на платформата Х, тимот на организацијата, заедно со своите партнери, успеал да стигне до болницата Ал-Шифа на северот на Газа и да испорача 9.300 литри гориво и медицински материјали, со цел за лекување на околу 1.000 ранети и пациенти на дијализа.

Тимот на агенцијата на ОН увиде дека болницата повторно може да лекува пациенти благодарение на медицинскиот тим од 60 луѓе.

Ал-Шифа повторно има 40 кревети во одделот за хирургија и општа медицина, одделение за итни случаи и четири операциони сали, прецизираше шефот на СЗО, чија организација кон средината на декември објави дека се пружа помош на стотици повредени на терен, и дека најтешките случаи и покрај опасноста се евакуираат во друга болница.

Констатирано е и дека болницата Ал-Шифа повторно има гинеколошко-акушерско-радиолошки оддел, ограничен капацитет за хемодијализа и минимален капацитет за анализи.

„Повторно инсистираме дека здравствената заштита мора да биде заштитена и никогаш да не биде насочена, ниту милитаризирана“, нагласи генералниот директор на СЗО.

Болницата Ал-Шифа се најде во центарот на интензивно бомбардирање, а потоа и копнениte борби во првите недели од војната меѓу Израел и исламската организација Хамас.

Израелската војска веруваше дека Ал-Шифа е главниот команден центар за операциите на Хамас во Појасот Газа, од каде што потекнува екстремистичката организација.

Здравствениот систем во Газа е на работ на колапс, според СЗО. Хуманитарната состојба на таа мала територија е неопислива и испораката на помош се соочува со речиси непремостливи пречки, предупреди оваа недела шефот на СЗО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK