Најмалку 15 лица загинаа во нелегален рудник за злато во индонезиската провинција Западна Суматра по лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови, изјави денеска директорот на Службата за вонредни состојби во покраината, Ирван Ефенди.
Спасувачите се обидуваат да пронајдат седум лица кои се водат за исчезнати, пренесува Ројтерс.
„Жртвите се жители кои рачно копаат по злато“, изјави индонезиски функционер, додавајќи дека во моментот на уривањето во рудникот имало 25 лица, од кои 15 загинале, додека тројца се повредени, а седум лица се водат како исчезнати.