Светските лидери ја поздравуваат одлуката на Турција за членството на Шведска во НАТО

erdogan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светските лидери ја поздравија одлуката на Турција повеќе да не го попречува приемот на Шведска во НАТО.

Американскиот претседател Џо Бајден, кој вчера пристигна во Вилнус на самитот на НАТО, ја поздрави согласноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за членство на Шведска во Алијансата.


– Подготвен сум да работам со претседателот Ердоган и со Турција за зајакнување на одбраната и одвраќање во евроатлантската зона, рече Бајден во изјавата, истакнувајќи дека „едвај чека“ Шведска да стане 32-та членка на НАТО.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја поздрави одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го одобри приемот на Шведска во НАТО.

Во порака на Твитер, Бербок одлуката на Ердоган ја нарече „добри вести кои доаѓаат од Вилнус“.

– Конечно е отворен патот за турска ратификација на членството на Шведска во НАТО, подвлече таа.

– Денеска во Вилнус беше направен историски чекор. На Шведска и е отворен патот кон НАТО! Ова е добра вест за шведскиот народ и за нашата заедничка безбедносна и одбранбена политика. Колку НАТО е посилен, толку е побезбедна Европа, напиша на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона исто на Твитер ја поздрави најавата на Турција дека има намера да го ратификува протоколот за прием на Шведска во НАТО и изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро.

– Шведска ќе го зајакне нашиот сојуз, нагласи таа.

Британскиот премиер Риши Сунак, исто така, се огласи на Твитер, велејќи дека „ова е историски момент за НАТО што не прави сите побезбедни“.

– Шведска, со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде во Алијансата, напиша Сунак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK