Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон


vashington.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По вооружениот инцидент на вечерата со дописниците во Вашингтон, на која присуствуваа претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија, светските лидери го осудија нападот.


Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека насилството нема место во политиката и им се заблагодари на полицијата и специјалните сили за нивниот брз одговор.

И германскиот канцелар Фридрих Мерц наведе дека „насилството нема место во една демократија“.

– Ние носиме одлуки со мнозинство гласови, а не со оружје. Го осудувам обидот за напад во Вашингтон и ми е мило што претседателот Трамп, првата дама Меланија Трамп и сите присутни се безбедни, додаде Мерц.

Додека претседателот на Франција; Емануел Макрон инцидентот го оцени како „неприфатлив“.

– Синоќешниот вооружен напад врз претседателот на САД е неприфатлив. Насилството никогаш нема место во демократијата. Изразувам целосна поддршка за Доналд Трамп, објави Макрон на Икс.

И премиерите на Индија и на Пакистан го осудија синоќешниот инцидент во хотелот Хилтон во Вашингтон.

Нарендра Моди на Икс објави дека им испраќа „најдобри желби за нивна безбедност и добро здравје“ на Трамп, Меланија и американскиот заменик-претседател Џеј Ди Венс, при тоа истакнувајќи оти „насилството нема место во демократијата и мора безусловно да се осуди“.

Шехбаз Шариф на Икс истакна дека е шокиран од пукањето во Вашингтон.

– Моите мисли и молитви се со нив и им посакувам безбедност и добро здравје, посочи Шариф на Икс.

Додека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху изјави дека е шокиран од обидот за атентат врз Трамп.

Тој изрази задоволство дека претседателот и првата дама не се повредени и ги пофали агентите на Тајната служба за „брзата и одлучна“ акција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK