Светски претставници изразуваат сочувство за смртта на Картер: Вечен борец за мир

1-40.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светските претставници денеска изразија сочувство за смртта на поранешниот американски претседател Џими Картер, кој почина на 101-годишна возраст, наведувајќи дека ќе остане запаметен како борец за светскиот мир, човековите права и социјалната правда.


Кина изразува длабоко сочувство за смртта на Џими Картер, наведувајќи дека поранешниот американски претседател бил „движечка сила“ за воспоставување дипломатски врски меѓу двете земји пред повеќе од 40 години и за развојот на пријателските односи, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, пренесе Ројтерс.

Кинескиот амбасадор во САД, Ксие Фенг, на платформата Х напиша дека историскиот придонес на Картер за нормализирање и развој на кинеско-американските односи секогаш ќе го памети кинескиот народ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK