Светската здравствена организација: Повеќе од 160 лекари починаа во Појасот Газа

Светската-здравствена-организација-Повеќе-од-160-лекари-починаа-во-Појасот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 160 здравствени работници се убиени за време на својата должност во Појасот Газа откако Израел започна офанзива против палестинската енклава, соопшти денеска портпаролот на Светската здравствена организација, Кристијан Линдмајер.



Тој повика на итно укинување на ограничувањата за медицинска помош за Газа, пренесува Ројтерс.

„Над 160 здравствени работници загинаа додека вршеа должност, додека се грижеа за повредените и болните. Тоа се луѓе кои го одржуваат здравствениот систем преку посветеност, некако најдоа начин да одржат одредено ниво на услуга“, рече Линдмајер и додаде дека некои лекари поради многу лоши услови се принудени да вршат операции, вклучително и ампутации, без анестезија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK